10 работи за иднината на Guild Wars 2

По цели седум години, Guild Wars 2 и понатаму се поставува како една од најдобрите MMO игри, уникатен наслов кој има повеќе од доволно содржини и механики, како за PvE, така и за PvP популацијата. Пред половина година, работите се искомплицираа со отпуштања на бројни лица од компанијата. Главната причина беше изјавата дека студиото ArenaNet не успеало на време да среди некои странични проекти, а и не прават доволен профит со Guild Wars 2. Во меѓувреме, студиото ја заврши четвртата сезона и вети дека на 30 август ќе прикаже што ги очекува гејмерите во иднина. За Living World. Иако хајпот траеше нешто повеќе од месец дена, студиото постојано потенцираше дека не работат на експанзија, туку на нова Living World сезона. Сезоната произлезе дека е всушност сага.

Десет работи кои се кажаа за иднината за иднината на Guild Wars 2:

1. Новата Living Story се вика Icebrood Saga. Започнува на 17 септември, не како прва епизода, туку како пролог.

2. Во прологот ќе посетиме нова територија. На чар територијата, Grothmar Valley, ќе сведочиме обиди да се обединат сите четири легии, со можности за избирање нов Khan Ur.

3. По прологот доаѓаат две епизоди кои ќе нè одведат на најдалечната територија во Shiverpeaks. Во ниеден момент не се спомна трета, или четврта епизода.

4. Во првата епизода ќе се воведе нов Mastery кој ќе ги истражува приказните на духовите од дивината и ќе нѝ дозволи да ги научиме нивните моќи.

5. PvE играчите ќе добијат нов режим кој се вика Strike Missions. Ваквите мисии, за 10 играчи, се замислени за поблаго вовлекување во рејдови.

6. Мапата органски ќе се шири. Во првата епизода ќе биде помала, а во втората поголема, претпоставуваме дека ќе биде на нешто слично со Maguuma Wastes од втората сезона.

7. Build Templates конечно доаѓаат. Со нив, полесно ќе можете да ги менувате способностите и опремата на вашите ликови.

8. Се спремаат нови PvP изгледи, но некако не нè премногу импресионираа.

9. Првата експанзија е бесплатна доколку ја имате купено втората. За ветераните кои ги имаат купено и двете, се дава подарок во форма на нова титула, нов глајд и можност да се избере еден од десетина понудени скинови.

10. Ќе се продаваат Funko Pop фигури, бројна облека и GW2 artbook, како и футроли за телефони и мауспадови. GW2 музиката се појави на Tidal.

Сево ова беше доживеано од поголемиот број фанови со огромно негодување. Социјалните мрежи, особено официјалниот форум и Reddit го нарекуваа настанот како еден вид фарса каде за многу време се кажа и вети многу малку. Што, од некоја страна, и е точно. Кога се најави втората експанзија, Path of Fire, студиото исфрли еден куп новитети за само 20 минути. Овој настан, чиј хајп многу потсетуваше на хајпот со втората експанзија, траење нешто повеќе од 40 минути, а содржеше многу малку новитети. Како резултат, бројните фанови беа крајно разочарани. Многу новинари слушнале како посетителите коментирале дека не им се верува дека за ова дошле. Ние го следевме настанот на twitch и, мора да признаеме, бројот на негативни коментари беше крајно зашеметувачки.

Guild Wars 2 е далеку од мртва. За жал, иако студиото кажа дека нема експанзија, многумина очекуваа токму тоа, нешто што, следејќи го урнекот од порано, и требаше да се случи. Нам нѝ се чини како да ArenaNet сака да проба да види дали ќе можат да се извлечат со Living World системот. Доколку успеат да остваруваат солиден профит на ваков начин, искрено се сомневаме дека ќе видиме трета експанзија. А патувањето во Канта? Ништо чудно да нѝ се сервира на ваков начин, што би било огромна штета.

Но, што мислите вие? Ја играте ли Guild Wars 2 или срцето ви лежи со некоја друга ММО? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии