10 работи кои не сте ги знаеле за Netflix

Андреј Хаџи-Василев

во Статии

Netflix постојано се издвојува како најпопуларниот начин да конзумирате видео содржина, било тоа да се серии или филмови. Истиот е достапен и кај нас веќе некое време, и има голем број на корисници.

Но, дури и да сте корисник на истиот, има некои работи кои веројатно не ги знаете за сервисот, па во продолжение издвојуваме десет од нив.

Netflix не секогаш се викал Netflix

Како што вели еден од основачите, Marc Randolph, првото име на сервисот всушност било Kibble. Секако, ова уште од самиот почеток била привремена варијанта, и не траела долго. Името доаѓа од кучето на Marc, кое се викало Kibble. Други идеи за името кои биле во избор биле и Replay, Luna и Directpix, за на крај да се сложат на Netlflix.

Netflix е одлична работна околина, а може да работите и од дома

Новите вработени во Netflix добиваат надомест од околу 18 долари месечно, што е одлично за условите кои ги имаат. Имено, нема ограничување на тоа колку слободни денови земате од работа, се додека ги најавувате унапред и не претерате со злоупотреба. Секако, работата мора да ви е завршена доколку сакате да го искористите ова.

Позицијата за работење од дома всушност и не е така лесна за добивање, а се состои од гледање на наслови кои се прикажуваат на сервисот, и тоа од три до осум неделно. Вашата задача ќе е да собирате податоци, и да ги категоризирате насловите. Ова помага за подоцна да се создаваат препораки за содржина кога го користите сервисот.

Но, работата не само што е тешко достапна, туку и не може да се извадите со прескокнување – треба да ја изгледате содржината за категоризирањето да е точно. Покрај ова, од Netflix се прилично пребирливи за тоа кого би го најмиле за ваква работа, а кандидатите често имаат искуство како критичари на филмови.

Сеуште можете да го изгледате првиот филм на Netflix

Повеќето од вас веројатно не ни чуле за Example Show, кој е всушност првиот филм на платформата. Истиот е достапен и денес доколку сакате да го гледате, и е со времетраење од 11 минути. Самиот филм, содржински, се состои од колекција на сцени кои всушност биле користени за да се тестира самиот сервис. Ќе најдете сé, од монолог на Цезар, до кадри од човек кој трча.

Во 2018, Netflix бил одговорен за 15% од интернет сообраќајот низ светот

Иако можеби малку постара статистика, според The Global Internet Phenomena Report од октомври, 2018, стримовите на Netflix опфаќале 15% од интернет сообраќајот низ светот. Ова го прави Netflix најголемиот потрошувач на интернет во светот во тој момент. Денес, со растот на конкурентни сервиси, процентот на Netflix e околу 12%, што воопшто не е за потценување.

Сервисот е постар и од Google

Првиот бизнис модел на Netflix всушност бил изнајмување на филмови на DVD дискови, а почетокот на истиот датира од април, 1998. Но, самата компанија е всушност основана на 29 август, 1997, што ја прави една година постара и од Google, компанија која е основана на 4 септември, 1998. Секако, стримањето како што го знаеме денес, стапува на сцена десетина години подоцна.

Netflix има тајно мени со подесувања

Ви се случило ли некогаш да гледате епизода на Netflix, а истата да почне да кочи? Доколку одговорот на ова е да, ова е токму за вас. Кога гледате на компјутер, притиснете ги Shift, Alt и левиот клик на глувчето во исто време, за да пристапите на менито. Ова ќе ви овозможи да подесите bit rate на стримот, и да го средите кочењето.

На Mac уред, притиснете Shift и Option, па потоа кликнете на Screen Manager. Со избирање на Manual, може да го намалите квалитетот на сликата, што ќе ви го реши проблемот со кочењето. Секако, ова е компромис, но потребен компромис ако не сакате кочење.

На Netflix има повеќе од 76 илјади категории

И некои од нив се екстремно специфични. Иако веројатно не сте виделе повеќе од дваесетина при користење на сервисот, ги има премногу, и рангираат од најгенералните како драма или комедија, до некои поспецифични, до кои може да пристапите преку URL барот.

Адресата која ја барате е https://www.netflix.com/browse/genre/ , по што треба да следи кодот на самата категорија. Кодови за некои од категориите ќе најдете овде.

Blockbuster за малку ќе го купеа Netflix во 2000

Blockbuster е компанија која изнајмуваше филмови и серии. Секако, се работи за компанија која функционираше многу успешно пред на пазарот да се појави Netflix. Бизнис моделот “излезе од мода”, а компанијата се обиде да се адаптира на помодерните времиња, но предоцна.

Иронично, основачот на Netflix, Reid Hastings се обидел да ја продаде компанијата на Blockbuster, по цена од 50 милиони долари. Компанијата не правела пари во моментот, но Hastings сметал дека има потенцијал. И покрај ова, директорите на Blockbuster ја одбиле понудата.

Во 2018, Netflix потрошиле 12 милијарди долари на оригинална содржина

Еден од најголемите квалитети на Netflix е тоа што константно и континуирано инвестираат во нова, оригинална содржина. Брзо сфатија дека луѓето се спремни да платат за да гледаат нови работи, и го користат тоа до максимум. Бројката од 12 милијарди долари се очекува да расте во иднина, како што се зајакнува конкуренцијата со вакви сервиси.

Во моментов тестираат shuffle копче

Колку често ви се случило да отворите Netflix, и воопшто да немате идеја што би гледале? Компанијата планира ваквите ситуации да ги реши со shuffle копче, кое засега е достапно само на ТВ уреди.

Функционалноста на истото е токму она што би очекувале – врз основа на филмовите и сериите кои ги имате претходно гледано, ќе добиете нова содржина која би требало да ви се допадне. Секако, копчето е сеуште во тест фаза, а дали и кога ќе е достапно кај нас останува да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии