10 работи кои мора да ги знаете за конференцијата на ЕА

10. Конференцијата разочара многумина и беше и предмет на исмејување

Многумина гејмери се утепаа плукајќи по претставниците и го осудија целиот настан како конференција за инвеститори, а не за гејмери. Се посветуваше време и енергија на работи кои ги удрија сите погрешни ноти во ушите на долго-годишните фанови.

9. Command & Conquer живее! Но, не онака како што сите сакаат.

Command & Conquer: Rivals е игра за паметните направи и е замислена да биде бесплатна за играње, со микротрансакции од различни форми. Трејлерот има 1400 лајкови и 32 000 дислајкови.

8. Anthem доби нов трејлер и вети дека нема да има кутии со плен

Играта ќе подржува микротрансакции, и тоа во форма на бројни работи од козметички вредности. Bioware ветија дека Anthem е урнек на кој можат да се додаваат приказни со години од официјалното излегување. Од виденото, многумина не можеа, а да не повлечат паралели со Destiny 2.

7. Battlefield V ќе има Battle Royale мод

Кога непријателите ги диктираат вашите потези, резултатот е повеќе од предвидлив. Call of Duty има Battle Royale мод? Battlefield V ќе има Battle Royale мод! Разликата е во тоа што Battlefield V ќе има и чистокрвна кампања за еден играч!

6. FIFA 19 ќе биде играта со лига на шампионите

По прв пат во последните години, Konami и PES ја изгубија лиценцата за лигата на шампионите и таквата „чест“ припаѓа на ЕА. Не се ни спомна за тоа дали ќе имаа агресивни микротрансакции, но одговорот на таквото прашање е повеќе од јасен. ЕА не сака да има многу пари. ЕА сака да ги има сите пари, а FIFA 19 е одличен начин за таквото нешто.

5. Star Wars Battlefront II ќе добие ново DLC.

ЕА искористи кратка прилика да позборува за тоа како Battlefront II имала груб старт. Груб старт е да се разбудите наутро во непозната куќа или да одите во Грција со 100 денари и кофа полна ентузијазам. Стартот на Star Wars Battlefront II беше од епски пропорции. И ќе се зборува за контроверзноста барем во следните 10 години.

4. NBA Live 19 нѝ доаѓа летово

Новиот трејлер покажа какви нови гејмплеј механики би можеле да очекуваат спортските ентузијасти на оваа игра.

3. Star Wars Jedi Fallen Order беше најавена. Некако.

Знаеме дека Respawn Entertainment работи на Star Wars и со нетрпение чекавме да чуеме нешто повеќе за играта. Наместо тоа, добивме сувопарна, срамежлива најава која не можете да ја изгледате до крај без да превртите со очите.

2. Unravel 2 ќе биде ко-оп игра

Двојката не само што се најави туку и е веќе излезена. Во случај да имате пријател, ова е платформската игра за вас. Играта се игра одлично и соло!

1. Кажете нѝ вие!

Што ви се допадна? Што не? Која игра со нетрпение чекате да излезе? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии