10 PS4 игри кои се одложени поради коронавирусот

Последиците од COVID-19 преовладуваат во сите сфери, а гејмерската индустрија никако не е исклучок. Поради тоа, ова се 10 игри за PlayStation 4 кои мораа да бидат одложени.

Ghost of Tsushima: Huge gameplay reveal, new release date, and ...
Ghost of Tsushima првенствено требаше да излезе на 26 јуни 2020 година, но коронавирусот допринесе кратко поместување и датумот е сега 17 јули 2020.
Little Witch Academia VR Broom Racing Coming To Quest In Late 2020
Little Witch Academia: VR Broom Racing – тркачката игра со метли ќе излезе на крајот на 2020 година за Oculus Quest, но дури во 2021 година за PlayStation VR, Oculus Rift, и Steam VR.
8 Wasteland 3 HD Wallpapers | Background Images - Wallpaper Abyss
Wasteland 3 доживеа значително поместување, од 19 мај на 28 август. Студиото InXile Entertainment објасни дека коронавирусот е само една од клучните причини за одложувањето.
Minecraft Dungeons for Nintendo Switch - Nintendo Game Details
Minecraft Dungeons е уште една игра под издавачкото перо на Microsoft чие излегување се помести за еден месец, од април, на 26 мај.
WATCH: The Last Of Us 2 Footage Leak Reveals Major Spoilers For ...
The Last of Us 2 исто така претрпе одложување на играта. Во еден момент, сите преднарачки беа откажани, а парите вратени на гејмерите. Моментно, студиото се чини самоуверено во нивниот продукт и ветува дека е спремен за масовна дистрибуција на 19 јуни.
Those Who Remain Is the First of Many Expected Coronavirus Related ...
Those Who Remain ќе излезе при крајот на јуни. Студиото потврди дека таквото нешто е поради предизвиците кои им се наметнати поради работење од дома.
Marvel's Iron Man VR Game | PS4 - PlayStation
Marvel’s Iron Man VR се одложува неколку пати. Последното одложување е поради COVID-19 и, поради проблематичната историја со одложување на овој наслов, студиото не се осмели да го прецизира новиот датум на излегување.
Star Wars Episode I: Racer has been “further delayed on Nintendo ...
Star Wars Episode 1: Racer е, исто така, одложен. Како единствена причина, Aspyr Media наведе дека е коронавирусот и дека немаат дефиниран датум за излегување.
Guilty Gear: Strive - Official Trailer and Extended Gameplay - YouTube
Guilty Gear: Strive наместо да излезе при крајот на крајот на 2020 година, ќе излезе на почетокот на 2021.
Fortnite: Season 3 (Chapter 2) - YouTube
Fortnite Chapter 2: Season 3 требаше да излезе на 30 април, но коронавирусот ги вмеша прстите и студиото ја прошири моментната сезона, а ја одложи идната до 4 јуни.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии