10 PS4 игри кои се на попуст и морате да ги играте овој Halloween

За многумина гејмери, месецот октомври е месецот кога се играат игри со хорор тематики. Сосема (не)случајно, најновата распродажба на Sony крие бројни наслови кои ќе ви помогнат подобро да ја пречекате ноќтта на вештерките. Без никаков значаен редослед, ова се нашите десет ем квалитетни ем ефтини предлози кои зрачат со напната атмосфера и бројни прилики за плашење.

Blair Witch – Доколку ја прочитавте нашата рецензија, тогаш знаете дека ова е одлична игра коja се одликува со повеќе краеви, но и уникатна механика во форма на симпатичен сопатник – куче.

MediEvil – Дефинитивно не се работи за хорор игра, но од срце се препорачува, особено во овој период. Секој чекор што ќе го направите, секое место што ќе го посетите и секој лик со кој ќе се спротиставите како да е произлезен од Halloween митологијата. Со надградена графика и подобрени механики, MediEvil ја препорачуваме на сите носталгичари и уживатели во Halloween.

The Evil Within (1 и 2) – Исклучително квалитетен серијал кој крие вознемирувачка приказна и ужаси во најчиста можна форма. Во случај да сакате навистина да се исплашите и да навлезете во комплексен свет каде секој чекор е еден чекор поблиску до лудило, ова се игрите кои би требало да ги заиграте.

Resident Evil Revelations 1 and 2 Bundle – Сите оние кои никако не можат да го издржат хоророт во the Evil Within, но сепак копнеат по интересна приказна, бројни чудовишта и огромен фокус на акција, тогаш би можеле да ги проверат првите две игри од Revelations серијалот. Пакетот се одликува со апсолутно сите додатоци за игрите како би можеле да го извлечете максимумот од овој survival хорор.

Diablo III: Eternal Collection – Ултимативната колекција која ја содржи основната игра заедно со двете последователни експанзии. Доколку сакате акциони RPG игри, тогаш ова е играта која навистина треба да ја проверите. Со феноменална, релативно долга кампања и бројни навидум непресушни можности за преигрување, Diablo III: Eternal Collection е игра на која постојано ќе ѝ се навраќате.

Little Nightmares – Втурнете се во мрачна приказна која ќе ве соочи со стравовите на вашето детство. Се работи за квалитетна инди игра во која истражувате една од највознемирувачките куќи за кукли. Дефинитивно проверете ја и сезонската пропусница за играта.

Dead Island 1 и 2 – За игри кои се случуваат во сончеви летни предели, би можеле да помислите дека Dead Island немаат никакви сличности со Halloween и најверојатно би биле во право. Но, секој октомври никако не ја пропуштаме можноста одново да се најдеме на преубавиот остров Баној. Ова е игра со едноставна, но исклучително забавна формула каде истражувате огромнo mesto, собирате оружја и се справувате со навидум непресушниот број од зомби чудовишта.

Zombie Vikings – Симпатична ко-оп игра од студиото зад Stick it to the Man. Низ осум различни светови, играте како еден од четири, уникатни зомби викинзи и користите различни способности и оружја. Феноменална акциона авантура која преколнува да биде истражена со уште тројца пријатели.

Zombie Army Trilogy – Од студиото зад Sniper Elite, доаѓаат три кампањи низ 15 долги нивоа каде Хитлер има ослободено армија од пеколот. Сами или со уште тројца други пријатели, сопрете ја неизбежната апокалипса и ставете крај на бројни зомби чудовишта, костури и немртви снајперисти.

Alien: Isolation – THE COLLECTION – Иако се работи за научно-фантастична приказна, оваа хорор авантура е едно од најдобрите нешта што би можеле да заиграте овој Halloween. Стравот е реален и демнее зад секоја сенка, а само храброст ќе ве одведе до саканите одговори. Играта е сместена 15 години по настаните во Alien. Играте со ќерката на Елен Рипли, а вашата мисија е да ја дознаете причината зад исчезнувањето на вашата мајка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии