10 најпреземани филмови на пиратските сајтови

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања. Кои се десетте филмови кои моментно најмногу се преземаат?

1. Monster Hunter, IMDb оценка: 5.3

Акциона авантура која е заснована на истоимената, ултра популарна fantasy игра на Capcom. Од малку поразличен агол, Мила Јовович ќе навлезе во очајна битка за преживување и ќе се спротистави на огромни непријатели со запрепастувачки моќи. Ова е, инаку, седми филм на Мила кој е заснован на видео игра.

2. Judas and the Black Messiah, IMDb оценка: 7.9

Исклучително квалитетна историска драма која има зграпчено над 15 наминации и 7 победи. На кој начин ќе се справат FBI агентите со заканата која произлегува од црните пантери, дознајте во Judas and the Black Messiah .

3. Wrong Turn, IMDb оценка: 5.5

Вознемирувачко хорор остварување во кое група пријатели одат на планинарење, но наоѓаат заедница од луѓе кои живеат во планините стотици години. Првиот Wrong Turn е од 2003 година.

4. The Little Things, IMDb оценка: 6.3

Криминалистички трилер во кој шериф и детектив ги здружуваат силите да стават крај н а сериски убиец. Во филмот глумат тројца добитници на оскари: Дензел Вашингтон, Реми Малек и Џаред Лето.

5. Willy’s Wonderland, IMDb оценка: 5.7

Акциона комендија со вознемирувачки хорор примеси. Николас Кејџ глуми лик на кого му се расипува автомобил во град кој крие вознемирувачка тајна. Во целиот филм, Николас Кејџ не зборува ама баш ништо.

6. Wonder Woman 1984, IMDb оценка: 5.8

Оваа акциона авантура има над 20 номинации и четири престижни награди. Во случај да сте фан на овој супер херој, шансите се дека ќе ви се допадне филмот, наспроти релативно ниската оценка. За овој филм, актерката Гал Гадот била платена 10 милиони долари, што е 33 пати повеќе од првиот Wonder Woman филм.

7. Tenet, IMDb оценка: 7.7

Фановите на научна фантастика пак, имаат на располагање интересен трилер со епска мисија за меѓународна шпионажа и откритија кои се простираат над реалното време. Што всушност значи тоа? Ќе мора да го одгледате филмот за да дознаете!

8. Soul, IMDb оценка: 8.2

Феноменален авантуристички анимиран филм во кој ги позајмуваат гласовите Џејми Фокс, Тина Феј и Граам Нортон. Дознајте што ќе се случи кога еден наставник е незадоволен од неговиот живот и копнее за остварување на неговата желба да свири џез музика. Најновото остварување на Pixar специјално се испорачува преку Disney+.

9. Palmer, IMDb оценка: 7.3

Трогателна драма за битката како да се научи да се прифати минатото и да се фокусира на сегашноста. Главниот лик е пејачот Џастин Тимберлејк.

10. I Care A Lot, IMDb оценка: 6.3

Комедија во која Марла користи профитабилна шема за крадење пари, барем се додека не се дознае дека дел од украдените пари се поврзани со насилен гангстер. Филмот има една номинација за златен глобус.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии