10 најочекувани игри за месец јуни

Крајот на училишна година и почетокот на летото се одбележува со десетици исклучително квалитетни компјутерски игри. Или, барем, тоа го ветуваат трејлерите. Хајпот е пожив од кога и да е, особено со Warhammer: Chaosbane, The Sinking City и, секако, Phoenix Point.

10 најочекувани игри за месец јуни:

Warhammer: Chaosbane (PC, XBO, PS4) – 4.јуни

Акциона, hack and slash, RPG авантура каде се спротиставувате на ордите на хаосот така што играте сами или со уште тројца пријатели. Избирате херој од четири можни класи и употребувате не само бројни ладни оружја, туку и едни од најмоќните артефакти од богатиот Warhammer универзум. Задолжителна дестинација за сите Diablo фанови.

The Elder Scrolls Online: Elsweyr [PC, PS4, XBO] – 4.јуни

Најновото поглавје во една од најдобрите ММО игри ве води во води во домот на каџитите и ви дозволува да истражувате огромна територија и богата приказна со целосно нова класа. Necromancer класата ви дозволува да ги контролирате мртвите преку употреба на мистична и свирепа сила. Оние кои предвреме ја имаат купено играта, веќе можат да навлезат во Елсвер.

Octopath Traveller (PC) – 7.јуни

Овојпат, Square Enix исфрлаат RPG игра со запазување редови каде водите осум ликови низ осум авантури. Секој од ликовите отвора порти кон уникатна приказна сместена во засебен и огромен регион. Решавајте главни и споредни квестови, користете уникатни способности и дознајте колку е опасен светот на Орстера.

Another Sight [PC, PS4, XBO] – 18.јуни

Симпатичната инди авантура, која ја освои PC публиката пред нешто повеќе од година дена, ќе проба да го направи истото и во светот на конзолите. Дефинитивната едиција за конзолите ќе биде пресликана од PC верзијата и верно ќе ги пренесе стимпанк елементите од Лондон, 1899 година. Another Sight првенствено се препорачува поради трогателната приказна и интересно дружење со одредени историски личности.

Crash Team Racing Nitro Fueled (PS4, Xbox One, Switch) – 21.јуни

Доколку името ви звучи познато, тоа е затоа што се работи за римастерот на Crash Team Racing, феноменалниот хит од 1999 година. Авторите Beenox ќе воведат и содржини од игрите Crash Nitro Kart (2003) и Crash Tag Team Racing (2005). Доколку сте по тркање на откачени терени, избегнување препреки и користење уникатни моќи, ова е насловот за вас.

Heavy Rain (PC) – 24.јуни

По бројни години конзолска ексклузивност, Heavy Rain конечно доаѓа на PC. Од тимот зад Fahrenheit, нѝ доаѓа едно од најуникатните гејминг остварувања, што поради приказната, што поради гејмплеј механиките. Демото со двете мисии веќе е достапно на Epic Store. Од она што ние проверивме, Heavy Rain е одлично оптимизиран за PC.

Mutant Year Zero: Road to Eden [PC, PS4, XBO, Switch] – 25.јуни

Основната игра излегува за конзолите. PC верзијата скоро година дена како егзистира и го заслужи местото како една од подобрите RPG, тактички стратегии во пост-апокалиптичен свет. На 30.јуни, излегува првото DLC за играта. Насловено како Seed of Evil, додатокот ќе испорача продолжеток на кампањата, нов мутант, како и нови непријатели. На располагање ќе имате и две огромни мапи кои значително се разликуваат една-од-друга.

The Sinking City [PS4, XBO] – 27.јуни

Оваа Epic Store ексклузива е задолжителна лектира за сите љубители на делата на Ловкрафт. Акционата авантура ве сместува во улога на приватен детектив кој треба да ја пронајде причината зад незапирливите поплави и морничавите визии кои ја излудуваат преостанатата популација. На располагање имате бројни алатки и оружја кои ќе ги користите не само против непријателите туку и за зачувување на вашиот разум. Безизлезното лудило се чини како клучна тема во The Sinking City.

F1 2019 [PC, PS4, XBO] – 28.јуни

F1 2019 Anniversary Edition се одликува со сите официјални тимови, возачи и сите траки препознатливи за сезоната од 2019 година. Кога ќе земете во предвид дека играта е од одамна докажаните ветерани Codemasters, знаете дека возењето формули и овојпат ќе биде исклучително забавно.

Phoenix Point (PC, Xbox One) – јуни

Играта се рекламира како духовен наследник на X-COM серијалот и, доколку сте фан на овие игри, знаете дека таквото нешто воопшто не е лесно. Со седиште во Бугарија, студиото е предводено од оригиналниот X-COM креатор, Џулиан Голоп. Спремете се за бројни стратешки и тактички предизвици и невообичаени вонземни закани, како и развивање најразлични технологии за подобро справување со нив.

Сите игри за месец јуни:

Petoons Party [PS4] – 3.јуни
The Elder Scrolls Online: Elsweyr [PC, PS4, XBO] – 4.јуни
Kotodama: The 7 Mysteries of Fujisawa (US) [PC, PS4, Switch] – 4.јуни
Trover Saves The Universe [PC] – 4.јуни
Warhammer: Chaosbane [PC, PS4, XBO] – 4.јуни
Hell Let Loose [PC] – 6.јуни
The Legend of Heroes: Trails of Cold Steel 2 [PS4] – 7.јуни
Octopath Traveler [PC] – 7.јуни
Battle Worlds: Kronos [Switch] – 11.јуни
Triton Survival [PC] – 14.јуни
World End Syndrome [PS4, Switch] – 14.јуни
Another Sight [PC, PS4, XBO] – 18.јуни
Bloodstained: Ritual of the Night [PC, PS4, XBO] – 18.јуни
Mini-Mech Mayhem [PSVR] – 18.јуни
Vacation Simulator [PSVR] – 18.јуни
Muse Dash [PC, Switch] – 20.јуни
Tech Corp. [PC] – 20.јуни
Captain Cat [Switch] – 21.јуни
Crash Team Racing Nitro-Fueled [PS4, XBO, Switch] – 21.јуни
Heavy Rain [PC] – 24.јуни
Bloodstained: Ritual of the Night [Switch] – 25.јуни
Judgment [PS4] – 25.јуни
Monster Jam Steel Titans [PC, PS4, XBO] – 25.јуни
Mutant Year Zero: Road to Eden [PC, PS4, XBO, Switch] – 25.јуни
Ace Combat 7: Skies Unknown: ADF-01 FALKEN DLC – 26.јуни
My Child Lebensborn [PC] – 27.јуни
The Sinking City [PC, PS4, XBO] – 27.јуни
F1 2019 [PC, PS4, XBO] – 28.јуни
Super Mario Maker 2 [Switch] – 28.јуни

A Fold Apart [PC, Switch] – јуни
My Friend Pedro [PC, Switch] – јуни

1 коментар на “10 најочекувани игри за месец јуни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии