10 најнови игри за Android

Поминете го викендов со една, пет, или сите десет најнови игри за вашата Android напојувана направа!

1. Totally Reliable Delivery Service – Игра во која вие и тројца ваши пријатели ги здружуваат силите за хаотично пренесување работи.

2. Bleach: Immortal Soul – RPG игра со впечатлива приказна, визуелни ефекти и глума, како и turn-based битки засновани на roguelite механики.

3. Battle Bouncers – RPG Legendary Brick Breakers – Акциона RPG игра од авторите зад Tap Titans 2 и Beat the Boss.

4. GWENT: The Witcher Card Game – Една од најдобрите игри со карти, која слободно може да стои раме-до-раме со хитот на Blizzard – Heartstone, конечно стана достапна за играње од нашите телефони и таблети.

5. Racing Car Games: Drive at the Sky – Тркачка игра која не чини многу, но крие доста можности за адреналински и незаборавни трки.

6. Moonlight Wishes:Romance you choose – Играјќи како жена, ви се отвораат можности за стапување во најразлични романтични врски со бројни ликови

7. Trash and the Magic Pyramid– Заснована на истоимениот филм, фаќајте, собирајте и рециклирајте низ 60 предизвикувачки стази.

8. Bitcoin Solitaire – Get Real Bitcoin Free! – Играјте Solitaire и печалете вистински биткоини. Или, само играјте Solitaire затоа што треба исклучително многу време за да може да спечалите вистински пари.

9. Blend It 3D – Опасно е за најмладите да си играат со вистински блендер, но не и со следнава игра каде е потребно да правите најразлични овошни освежувања.

10. Woodcraft – 3D Carving Game – А, доколку горната игра ви се допадна, дефинитивно пробајте да си направите нешто впечатливо од дрво со оваа игра. Ние пробавме, но нема да сакате да нѝ го видите крајниот резултат.

Пријатно играње!

1 коментар на “10 најнови игри за Android

  1. Само едно предупредување за Blend it 3D, како и секоја бесплатна игра има реклами но овде излегуваат после секоја стаза или потег па ако сакате на мира да играте ќе мора без интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии