10 најинтересни велигденски јајца во компјутерски игри

Лов на јајца е активност во која децата бараат најразлични велигденски јајца кои (обично) се скриени во надворешни површини. Во духот на ваквата активност, девелоперите често знаат да сокријат одредено велигденско јајце (Easter Egg) и во нивните интерактивни остварувања. Пронаоѓањето на оваа јајце воопшто не е лесно, но, ловот знае да биде забавен или предизвикувачки како и играњето на самата игра. Содржините на велигденските јајца во компјутерските игри немаат никакви допирни точки со самиот празник и често кријат шеги, детали или приказни за моментната игра, или некој претходен, односно иден наслов.

Верувале или не, ваквата пракса датира уште од далечната 1979 година. За да го скрие првото велигденско јајце, играта Adventure, на Atari, голтна 5% простор од дискетата. Па така, доколку поминевте низ еден ходник, ќе влезете во соба во која стојат зборовите: направено од Ворен Робинет. Далеку од интересно, но за авторот ова беше огромна работа, со оглед на тоа што, на времето, имињата на девелоперите не се величеа во нивните игри.

10 најинтересни велигденски јајца во компјутерски игри

Batman: Arkham Asylum – Во првите шест месеци никој не можеше да го најде оваа велигденско јајце и авторите мораа сами да покажат дека, доколку го разнесете ѕидот покрај каминот во Arkham Mansion ќе добиете пристап до тајна соба во која има скици за кои ја најавуваат играта Arkham City.

Diablo 3 – Откако ќе поразговарате со духот на Cow King, можете да влезете во областа Whimsyshire и да се борите со крави и еднорози инспирирани од My Little Pony. Пострашно искуство – здравје.

Borderlands 2 – На работ од Хајпирион базата можете да скокнете за да се најдете во област од која може да се види двојно виножито. Од тука, всушност, доаѓа познатиот Double Rainbow монолог на Handsome Jack и Claptrap.

Assassin’s Creed 3 – Доколку на вашиот имот најдете мисирка, нахранете ја, а потоа удретеја користејќи ја познатата шифра на Конами (горе, горе, доле, лево, десно, лево, десно, B, A) за да и мисирката биде облечена во атентатор.

GTA: Vice City – Ако скокнете (со автомобил) од врв од зграда и поминете низ прозорецот на спротивната зграда, ќе се најдете во соба со пиедестал. На пиедесталот? Чоколадно јаце со зборовите: Среќен Велигден!

Doom 2 – Доколку го убиете последниот бос со ракетен фрлач и го активирате шифрата noclip, ќе можете да поминете низ дупката во главата на босот и да влезете во една соба каде има уште една глава. Овојпат главата е на креаторот на серијалот Doom – Џон Ромеро. Главата вика дека: „за да победите, мора да ме убиете мене, Џон Ромеро“. Погодете го неколку пати и ќе дојдете до крајот на играта.

Dead Space – По завршување на првата Dead Space игра не можете, а да не се запрашате што се случило со Никол. Во менито со сите мисии, ќе го најдете одговорот преку секоја прва буква од секое поглавје.

Fallout: New Vegas – Во пустелијата можете да наидете на фрижидер кој, доколку го отворите ќе видите скелет кој носи федора. Ова е јасно алудирање на филмот Kingdom of the Crystal Skull и тактиката со фрижидерот на Индијана Џонс. За жал, овој Индијана Џонс ја немал истата среќа како во филмот.

GTA: San Andreas – Ако се измачите да се искачите на мостот кој го поврзува Сан Фиеро со Лас Вентурас ќе видите знак кој вели: Нема овде велигденски јајца. Бришка!

Halo 4 – Не знаеме за вас, но ние сме огромни фанови на Конан Обрајан и Енди Рихтер. На почетокот на шестата мисија, во хангарот, можете да ги најдете како двајцата позајмуваат гласови на пар од маринци. Пријдете им и почекајте минутка за да чуете како водат три различни разговори.

Тоа беа нашите први десет велигденски јајца. Вториот дел следи набргу по велигденските празници!

3 коментари на “10 најинтересни велигденски јајца во компјутерски игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии