10 најгледани YouTube видеа на сите времиња

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}YouTube е сервис на кој се закачуваат повеќе од 200.000 различни видеа дневно од милиони корисници ширум светот. Скоро 50% од видета се на англиски јазик и воглавно се објавени од корисници базирани во САД (~35%). Најактуелните категории во кои се објавуваат видеата се музика (~20%), забава (~19%), луѓе и блогови (~14%), комедија (~13%)… Сурфајќи на сајтот и прегледувајќи разни видеа, се решив да видам кои се најгледаните видеа на сите времиња…

Најгледаното видео на сите времиња е спотот на Аврил Лавињ наречен Girlfriend со преку 116.400.000 прегледи. (опцијата на видеото за имплементирање на други сајтови е оневозможена).

Второто најгледано видео е фантастичното Evolution of Dance, на комичарот Лаипли во кое тој танцува шест минути на 32 различни хитови во последните 50 години:

Третото најгледано видео на сите времиња е поврзано со шоуто The L Word. Да бидам искрен неможам да сфатам зошто има скоро 90 милиони прегледи:

Со 89 милиони прегледи, на четвртото место на најгледани видеа на YouTube се наоѓа музичката нумера на Крис Браун – With You. (оневозможено имплементирање).

На петто место е добро познатото Charlie bit my finger кое едноставно неможе а да не ве насмее. :)

Шестото најгледано видео е спотот Don’t Stop The Music
на девојката на Крис Браун (види четврто најпопуларно видео) Ријана.

На седмо место со над 83 милиони прегледи е одличниот настап на комичарот Џеф Дунам, Achmed The Dead Terrorist:

Осмото најгледано видео на сервисот е песната на Леона Луис, со наслов Bleeding Love.

На девето место, уште еден музички спот, овојпат на Алиша Кис, No one.

На десеттото место на најгледани видеа на YouTube на сите времиња со над 76 милиони прегледи е заразното смеење на неколку месечното непознато бебе:

Заклучок:
Несомнено, на листата на најгледани видеа на популарниот веб 2.0 сервис преовладуваат музички спотови и смешни видеа. Така е дури и за продолжената листа од 20 најгледани видеа. Не знам зошто но бев изненаден од резултатите… не очекував дека на листата на 10 најгледани видеа ќе се најдат понови музички хитови, очекував повеќе комични видеа како еволуцијата на танцувањето или безвезното смеење на слаткото бебе.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии