Сигурно сте се прашале кои се најгледаните видеа на YouTube и сте имале разни претпоставки за тоа… но, она што ќе ви го откриеме во овој текст е далеку од вашите очекувања. Лично бев запрепастен за тоа кои се 10-те најгледани видеа на YouTube на сите времиња…

Како најгледано видео со повеќе од 610,850,000 прегледи е… [тапани] … “Justin Bieber – Baby ft. Ludacris”!

Да, точно прочитавте, малата канадска поп/R&B ѕвезда го има најгледаното видео на YouTube. И не само тоа, Bieber го држи и 8-то место на листата на најгледани видеа со спотот “One Time” (261,185,600+) како и 9-тото место со видеото “Never Say Never ft. Jaden Smith” (250,371,700+). Очигледно дека не е проблем да имaш толку прегледи на своите видеа кога публика ти се таканаречените “дигитални доморотци”.

Во продолжение топ 10-те најгледани видеа на YouTube:

1. Justin Bieber – Baby ft. Ludacris – 610,857,400 прегледи

2. Lady Gaga – Bad Romance – 408,808,583 прегледи

3. Waka Waka (This Time for Africa) – 386,540,091 прегледи

4. Eminem – Love The Way You Lie ft. Rihanna – 373,753,566 прегледи

5. Charlie bit my finger – again ! – 368,582,766 прегледи

6. Jennifer Lopez – On The Floor ft. Pitbull – 357,603,859 прегледи

7. Eminem – Not Afraid – 268,273,132 прегледи

8. Justin Bieber – One Time – 261,185,697 прегледи

9. Justin Bieber – Never Say Never ft. Jaden Smith – 250,371,777 прегледи

10. thigh massage video – 245,177,023 прегледи
(сигурно ќе имате “WTF момент” кога ќе го погледнете видеото, но видеово само потврдува дека живееме во многу, многу чудни времиња…)

7 коментари на “10 најгледани видеа на YouTube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии