10 најдобри фитнес апликации според Product Hunt

Ова е период во годината кога сите полека се будиме од зимски сон е вистинскиот период за „враќање во форма“. Product Hunt презентираа листа на 10 најдобри нови фитнес апликации и производи, кои можат да ни помогнат во намерите. Листата генерално е наменета за луѓето кои сакаат да ја подобрат својата форма преку трчање и вежби.

Human е најлесната апликација за користење на листата. Нема потреба од напорни вежби и слично. Едноставно апликацијата ќе се обиде да ви помогне да се движите 30 минути во денот. Human го мери секој чекор кој ќе го направите, не мора да работи на телефонот, но за жал мора да го носите телефонот со вас. За корисниците на Android многу подобра опција е Google Fit.

Прва на предлог листата е Streaks, едноставна апликација која треба да им помогне на корисниците да се навикнат нa распоредот за вежбање. Добра вест е дека конечно апликацијата се синхронизира на сите уреди, но лоша вест е што сè уште е достапна единствено за корисниците на Apple. Апликацијата е едноставна, а концептот им е познат на корисниците на повеќе апликации, помеѓу кои и Doulingo. Целта е секојдневно продолжување на серијата, а со тоа здобивање со навика за вежбање.

Постојат повеќе апликации кои за неколку минути во денот ветуваат дека ќе ви помогнат да дојдете до подобра кондиција. Апликацијата 4 minutes е една од овие. За жал и оваа апликација е достапна единствено на iOS. Станува збор за 4 минути напорни кардио вежби кои се поефективни од традиционалното кардио. Вежбите се дел од програмата на олимпискиот тим на Јапонија.

Muscle Wiki е веб-сајт кој ќе ви помогне да открите кои вежби треба да ги правите за определени мускулни групи. Со оглед на тоа дека е веб-сајт, Muscle-Wiki им е достапна на сите и на сите уреди.

Weav Run всушност не е апликација за вежбање, повеќе е додаток кој вежбањето го прави покомфорно. Станува збор за музика која ќе ви помогне со вежбите, а го менува темпото на музиката во зависност од темпото на трчање. Музиката е помеѓу 100 и 240 bpm. Апликацијата ви овозможува преглед на истрчаните километри иако е далеку од тренер.

Останатите апликации може да ги прегледате на постот на Medium. Секако доколку почнувате или планирате да вежбате, направете го тоа внимателно. Доколку имате здравствени проблеми или потешкотии консултирајте се со лекар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии