10 најдобри бесплатни игри на Steam

Steam, како платформа, изобилува со бесплатни игри. Но, она што е бесплатно, не значи и дека е добро. Во оваа прилика, чешламе во сите правци и ги истакнуваме најдобрите бесплатни игри кои можете да ги играте на Steam!

10. Crossout – Постапокалиптична ММО акциона игра каде создавате монструозни превозни возила и деструктивни оружја за максимално сеење хаос низ терените. Можете да се пресметувате против други играчи или, пак, да ги здружите силите и да пробате да се борите против босови осмислени од други играчи.

9. Smite – Уникатна игра заснована на MOBA принципите каде управувате со уникатни богови. На располагање имате бројни режими за уникатни пресметки во трето лице, како и добро-познатата team deathmatch арена. Како и секоја MOBA, така и оваа се одликува со препознатливите lanes и creeps.

8.  Eve Online – Една од најреволуционерните ММО игри е сместена во вселената и ви дозволува да ги здружите силите со стотици други капетани и да се организирате за (или против) добросостојбата на целата заедница. Тргувајте со најразличните добра или саботирајте се што мислите дека е под вас. Изборите се бројни и целосно ваши.

7. Team Fortress 2 – Исклучително стар, но сѐ уште добар шутер кој значително се има променето од далечната 2007 година. Како лесна за играње, но тешка за совладување, Team Fortress 2 изобилува со најразлични модови против вистински лица, или вештачката интелигенција. Оние кои не умеат да убиваат, можат да лечат и на тој начин да го дадат својот допринес.

6. Rift – Несудениот убиец на WoW се одликува со огромен свет и можности за истражување огромен свет и епска приказна од огромни потенцијали. Оние кои бараат длабока MMO игра, би можеле да го најдат спасот во играта на Trion.

5. Star Trek Online – Љубителите на sci-fi телевизиските серии и ММО игри никако не би смееле да ја заобиколат оваа ММО игра. Уште на самиот почеток добивате брод и екипа со кои го истражувате непознатото пространство и се впуштате во авантури кои се карактеристични за Star Trek. Играта можеби е стара, но постојано се надополнува со бесплатни епизоди, нова опрема, како и бројни настани.

4. Dota 2

Оние кои се по стандардните MOBA механики, веќе се интимно запознаени со чедото на Valve. Dota 2 се одликува со бројни херои, константни надополнувања и бројни можности за исполнителни мечови.

3. Neverwinter – ММО игра која се истакнува од сите останати со гејмплеј механиките кои се повеќе акционо ориентирани. Основната кампања е феноменална, независно од избраната класа, но сите последователни експанзии, кои и понатаму константно се исфрлаат, се чинат премногу фокусирани на мачни грајнд сесии.

2. Path of Exile – Една од најдобрите алтернативи на Diablo, феноменална акциона RPG игра која се дави во тони од бесплатни содржини. Доколку сте по hack and slash игри, шансите се дека нема да најдете подобро од ова.

1. Warframe – Има ли нешто покул од вселенска нинџа? Одговорот се крие во еден од подобрите лутер шутери кој влече интересни паралели не само со Destiny туку и со Anthem. За новите играчи, Warframe делува како исклучително збунувачка игра, но дајте и малку повеќе време и она што ќе најдете се исполнителни гејмплеј механики кои допринесуваат до адреналинско-брзи битки и два огромни отворени светови.

1 коментар на “10 најдобри бесплатни игри на Steam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии