10 најдобри Android игри со попуст #1

Летната Steam распродажба пали и жари посилно од кога и да е. За поедноставен увид во најдобрите, историски намалувања на тој фронт, ви ја препорачавме употребата на GG Deals, но што доколку вие повеќе сакате гејминг на Android платформата? Во тој случај, си земавме за право да го ископаме најдоброто од Android игрите, но само оние кои се моментно со попуст, затоа што, ако нешто има подобро од игри на телефон, тоа се евтини игри на телефон. Секоја од препорачаната игра е заснована на исклучително субјективни мислења и во случај да не сте импресионирани на начин на кој ние мислевме дека би биле, не заборавајте да ја искористите политиката за враќање на средствата на Google и автоматски да си ги повратите паричните средства преку опцијата Refund. Исто така, секоја од игрите е со попуст од различно времетраење и наш совет е доколку видите нешто што ви се допаѓа инстантно да го зграпчите моментот, откако, се разбира, првин ќе го одгледате трејлерот, ќе прочитате неколку рецензии, ќе размислите за смислата на животот, и дали играта се поклопува со вашите дефиниции за феноменална забава! :)

И, секако, пријатен гејминг!

Card Quest/ Black Shell Media/ оценка 4.7 – авантуристичка игра во зандани, со уникатен систем за борба со карти.

XCOM®: Enemy Within/ 2K, Inc./ оценка 4.2

Самостојна експанзија за феноменалниот хит од 2012 година, XCOM®: Enemy Unknown. Длабоките системи од таа игра се значително проширени со нови војници, способности, непријатели, мапи, мисии, и мрежни режими.

Braveland/ Tortuga Team/ оценка 4.4

Игра заснована на редови и длабоки стратегии на хексагонално бојно поле.

The Room Three/ Fireproof Games/ оценка 4.9

Игра која ја препорачуваме на сите фанови на загатки, чии решавања се тесно засновани на механиките кои се уникатни за паметните направи. И отанатите The Room игри се на попуст.

In Between/ Headup/ оценка 4.2

60 предизвикувачки нивоа во уникатен авантуристички платформер каде предноста е на решавање загатки така што се манипулираат предметите околу вас.

The Sagas of Fire*Wolf/ Tin Man Games/ оценка 4.4

Комплетна едиција на монументално наративно искуство каде вашите одлуки формираат текстуално патешествие, засилено со епска музичка подлога и модерни визуелни ефекти. Висока препорака за љубителите на пишаниот збор!

Secret Files: Tunguska/ Animation Arts Creative GmbH/ оценка 4.0

Стара но квалитетна авантура која првенствено ќе ги задоволи љубителите на класичните point and click авантури.

Empire Warriors Premium: Tower Defense Games/ ZITGA PTE. LTD./ оценка 4.7

Исклучително квалитетна Tower Defense игра каде поставувате кули со најразлични дефанзивни и офанзивни својства. Играта е бесплатна.

The Inner World/ Headup/ оценка 4.3

Уште една авантура која од срце ја препорачуваме за сите оние кои сакаат ем да се убаво насмеат ем да пробаат да излезат на крај со неколку, паметно осмислени загатки. Играта ја имаме играно на PC и сме особено задоволни и од портот на Android.

Farm Frenzy: Time management game/ HeroCraft Ltd./ оценка 4.3

Во случај да сакате да го искусите фармерскиот живот без огромните негативни работи од вистинскиот живот, тогаш играва ќе ви дозволи да се грижите за најразлични домашни животни и да произведувате најразлични животински добра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии