10 MMO игри за мобилен кои ќе излезат во 2019 година

Наспроти поделеното мислење, ММО игрите за мобилен се тука да останат. 2018 година се одбележа со засилен отпор и одбивност, особено при конвертирање на нашите омилени PC наслови, како ситуацијата со Diablo Immortal. За жал, бројките не лажат и бесплатни модели на ММО игри за преносливи направи се едни од најпрофитабилните дигитални производи во гејмерската индустрија. Оние кои не се импресионирани од моментната понуда, можат да очекуваат некој од следниве десет ММО наслови кои ќе бидат понудени за  вашиот мобилен во 2019 година.

1. Blade and Soul 2, продолжетокот на една од најпрофитабилните ММО игри на NCsoft ќе биде префрлен во ММО арената. Двојката ветува нови ликови, нови зони, подобрен екосистем, комплексни борби, но не и фракции. Серијалот не планира тука да застане со преселбата и планира да ве заинтригира со Blade & Soul M и Blade & Soul S. Blade & Soul M е порт на PC верзијата на оригиналната игра. Таквиот порт ќе има бројни нови функции, неисклучувајќи ја и можноста за нелинеарна приказна. Blade & Soul S одработува настани пред тие во оригиналната PC игра. Се одликува со подобрена графика, динамичен отворен свет и механики за колекции од херои.

2. Diablo Immortal е првата игра за мобилен која ќе биде заснована на Diablo универзумот. Веста беше пренесена на овогодишниот Blizzcon и да се каже дека им се допадна на PC тврдокорните фанови би било потценување од епски пропорции. Но, да не се лажеме. Шансите се огромни играта да биде проверена од поголемиот дел фанови на овој серијал. Од она што го видовме, се работи за исклучително квалитетен наслов и, некако, едвај чекаме да го провериме.

3. Bless Mobile ќе биде порт на PC верзијата која вети многу, а испорача малку. На времето, Bless беше една од најочекуваните ММО игри, но произлезе дека е полу-печен производ кој разочара еден куп гејмери. Во неколку наврати, студиото пробува да ја ревитализира играта, но таквото нешто не им оди од рака. Можеби затоа решија да го направат овој потег.

4 и 5. EverQuest и H1Z1 би требало да се појават во одредена форма за мобилни направи. Така, барем, ветија Daybreak и NantWorks. Тимовите изјавија дека ги здружуваат силите за исфрлање верзии за двете игри, но, од тогаш, немаме ништо слушнато.

6. Elder Scrolls Blades е една од нај очекуваните игри за мобилен телефон. Bethesda направи одлична работа со нивната прва пренослива игра – Fallout Shelter, но крајно ја утна работата со најновиот производ – Fallout 76. Останува да се надеваме дека имаат научено нешто од овие две крајности и дека Elder Scrolls Blades нема да го извалка името и на овој серијал. Можеби токму поради тоа, играте беше одложена за 2019 година.

7. TERA M е уште еден обид да се префрли саканата ММО игра во мобилните направи. Играта се игра на големо во Кореја, а веќе некое време се шепка дека нема многу да се чека за глобалната објава.

8 и 9. Aion 2 и Lineage 2M се уште две ММО игра на NCsoft кои ќе бидат за мобилните направи. Aion 2 обработува настани пред тие во оригиналот и ветува уникатни можности за лебдење, масивни PvP битки и отворен систем со вештини.

Lineage 2M, пак, ветува револуција во ММО жанрот со отворен свет за богато истражување, RvR битки, предизвикувачки рејд босови, и многу повеќе од првичните триесетина класи.

10. MU Legend излезе за Steam летово и, иако бевме благо импресионирани од насловот, нетрпеливо чекаме да видиме како би изгледале верзиите за Android и iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии