10 години пред и потоа предизвик, дали конечно ја научивме Facebook лекцијата?

Веројатно минатата недела го забележавте предизвикот на друштвената мрежа наречен едноставно „10 годишен предизвик“. Facebook прикажува куп фотографии од корисниците од нова, и од 10 години стара фотографија.

Она што можеше веднаш да се забележи беше дека имаше повеќе смешни фотографии отколку вистински пред и по 10 години. Секако ниту вторите не недостасуваа. Вкупно 5,2 милиони корисници учествуваа во предизвикот. Втора работа која можеше да се забележи дека и корисниците, но и медиумите речиси веднаш се запрашаа „Која е целата на овој предизвик?“.

Друштвената мрежа излезе со соопштение дека ниту го организирала, ниту има некаква корист од предизвикот. Сепак поседување на нови фотографии за кои ќе знаат дека се стари точно 10 години ќе им помогнат за тренинг на вештачката интелигенција. Секако ако друштвената мрежа не го организира, не значи и дека нема да ги искористи податоците од предизвикот.

„Замислете дека некој сака да тренира алгоритам за препознавање на ликови. Поспецифично како влијае стареењето, како луѓето ќе се променат кога ќе остарат. Идеално би сакале широк и ригорозен сет на податоци со многу фотографии на луѓе. Ќе помогне ако знаете дека периодот помеѓу фотографиите е – да речеме 10 години“, вели Кејти О’Нил во колумна за Wired.

Главно претпоставките се движат во насока дека Facebook би можел да ги користи податоците за да го тренира алгоритамот за препознавање на ликови ако им се потребни свежи фотографии. Секако кога имате 2 милијарди корисници доволно е да прашате, и 5 милиони ќе се јават.

Генерално сите податоци кои Facebook на било кој начин ги собира од своите корисници на крајот ги користи за маркетинг. Колку повеќе податоци, толку порелевантни реклами и толку поголема заработка од секој корисник. Сепак технологијата за препознавање на ликови се продава и надвор од дигиталниот свет. Безбедносни агенции, медиуми и полиција купуваат технологијата од компаниите. На пример, Amazon ја продава (изнајмува) технологијата заедно со базата на фотографии на Федералното истражно биро.

Интересен и веројатно застрашувачки е податокот дека просечниот жител на САД се наоѓа на камера 75 пати во денот. Секако со технологијата за препознавање на ликовите можностите за следење на луѓето се речиси неограничени.

Иако на прв поглед звучи дека технологијата нема добра страна ова не е случај. Препознавањето на луѓето може да помогне за препознавање на трансродовите лица или за препознавање на роднини или деца кои се „загубиле“ пред многу години, вели Forbes.

Сепак кога оваа приказна со предизвикот со 10 години е во прашање, веројатно најдобар дел од неа се смешните мемиња кои беа споделувани. Еве дел од нив:


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии