Apple слави 10 години AppStore

Image courtesy of Apple

Пред речиси 10 години Apple речиси во целост го промени начинот на кој функционираат паметните телефони. AppStore официјално започна да функционира на 10 јули 2008, но Apple нешто порано не потсетува на ова.

Инсталирањето на апликации беше потежок и посложен процес. Најчесто, тоа што го имавме преинсталирано на телефонот на денот од купување, беше тоа што го користевме. До пред 10 години…

Пред 10 години Apple им отвори нов свет, не само на корисниците, туку и на девелоперите. За прв пат развивачите на апликации кои макотрпно работеа на својот софтвер конечно можеа не само да го покажат, туку и да заработат од апликациите.

Од ова произлезе цел екосистем и девелоперии кои се фокусираа на iOS. iPhone секако е полесен за програмирање со оглед на тоа дека и бројот на уреди за кои треба да е компатибилен софтверот е значително помал.

Последниве 10 години AppStore е променет, но во основа сè уште е ист. Овозможува локација на која корисниците може да ги најдат сите апликации кои  може да им бидат потребни, а на девелоперите место каде може да понудат и апликации и надградби за истите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии