„Google е иновативна компанија, но ние сме загрижени дека приватноста на граѓаните ширум светот се заборава кога Google објавува некоја нова технолошка апликација.“ пишува во писмото на комисиите за приватност на Франција, Германија, Британија, Израел, Италија, Ирска, Холандија, Нов Зеланд и Шпанија.

„Го зедовте Gmail, еден на еден приватен сервис и го претворивте во друштвена мрежа при тоа загрижувајќи ги корисниците за кои приватни информации се објавени.“

Освен за Google Buzz, групата држави изразија и протест за Google Street View сервисот велејќи дека и „покрај вашата[Google-овата] грижа за приватноста, сепак нема доволно информации пред сликањето.“

„Затоа ве повикуваме, како компанија која работи со лични информации, да воведете основни принципи за приватност во новите онлајн сервиси. Тоа би значело во минимум:

  • собирање само минимална количина на лични информации, неопходно за сервисот или продуктот
  • обезбедување јасна и чиста информации за како се користат личните информации
  • внимавање приватноста да биде по зададено[defaulт] во опциите
  • да се осигурате дека опциите за приватноста се истакнати и лесни за користење
  • да им понудите на луѓето едностана процедура да си ги избришат профилите и тоа да биде сторено најбрзо што се може. “

Ова велат преставниците на десетте земји не се однесува само на Google, но „како лидер во онлајн светот може да постави пример за другите“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии