10 бесплатни игри за сите Twitch Prime претплатници

Декември е одличен период за Twitch Prime претплата. Сите оние кои ќе се претплатат за оваа серија од услуги, ќе добијат на располагање 10 бесплатни игри. Имено, до 2 јануари, ќе можете да си ги зграпчите Hue, When Ski Lifts Go Wrong, Hover, Sherlock Holmes: The Devil’s Daughter, и Toejam and Earl: Back in the Groove. Игрите припаѓаат на различни жанрови, уживаат претежно позитивни рецензии и шансите се дека ќе бидете пријатно изненадени со дел (или сите) од нив.

На 26 декември, понудата ќе биде проширена со уште пет дополнителни игри. Овие пет игри се сите под издавачкото перо на Devolver Digital, што никако не значи дека е лоша работа. Па така, на располагање ќе ги добиете Enter the Gungeon, Ape Out, Witcheye, Heavy Ho, и Gato Roboto.

Имајте во предвид дека игрите не се активираат на надворешни клиенти, како тој на Valve – Steam. Овие игри се активираат на интерниот клиент на Twitch. Од иста појдовна точка се преземаат и играат, дури и доколку вашата претплата истече.

Паралелно со овие десет игри, добивате и ќе добиете бројни мали, но релативно интересни подароци за други игри, како Red Dead Online, GTA Online, Borderlands 3, или Apex Legends.

За скромната претплата од три евра во првите шест месеци (шест евра подоцна), со Twitch Prime можете да гледате најразлични стрим содржини без реклами, да поддржите еден Twitch стример еднаш месечно, како и да гледате најразлични филмови и телевизиски серии преку услугата Video Prime. Имате на располагање и бесплатен пробен период кој, доколку паметно го темпирате, можете да зграпчите еден куп работи без да се намали салдото на вашата сметка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии