10 бесплатни часови со Unravel 2

Никој ниту очекуваше, ниту пак бараше игра како Unravel, но насловот сепак дојде и се вдоми во многу срца со симпатичната креативност. Никој не очекуваше ни продолжеток, но за време на Е3 настанот, продолжеток сепак добивме. Unravel 2 е сѐ што беше првата игра и многу повеќе. Фановите, овој пат, можат да започнат ко-оп авантура и со заеднички сили да решаваат паметно осмислени загатки.

Оние кои се сеќаваат на почетоците на Unravel, знаат и дека издавачката куќа ЕА понуди десет часовен пробен период со играта. Надевајќи се дека ќе привлечат многу повеќе фанови, ЕА ја имплементира истата стратегија и со двојката. Па така, доколку сакате да проверите дали овој платформер е за вас и за вашата подобра половина, дефинитивно искористете го пробниот период од цели 10 часа. Имајте во предвид дека времето тече само кога ја играте играта, а вашиот напредок останува сочуван се додека не решите да ја купите играта.

Промотивниот период е до 30 Јули, што е повеќе од доволно за да поминете низ поголемиот дел од играта, ако не и целата, со некој близок.

Unravel 2 има 82 поени на Meracritic, со највисока оценка од 90, а најниска од 72 поени. Од IGN се изјаснија дека играта и понатаму функционира како соло, но е вистинско блаженство кога се игра со уште еден. GameStar вели дека Unravel 2 е елегантна инди игра која паметно го проширува основниот концепт, но ѝ недостасуваат вистински скокови во квалитет. GameSpot, пак се разочарани од кратката должина на играта која се сведува на шест поглавја од по триесетина минути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии