1 милион долари за сите кои ќе се логираат во GTA Online неделава

Можете да купите еден куп работи за 1 милион долари, особено во онлајн делот на мега-популарната GTA V.

Rockstar се спремни да ги подарат парите, но само доколку и вие сте спремни да правите одредени работи на дневно ниво. Имено, доколку се логирате во играта во наредните седум денови ќе добиете подарок од 250 000 долари. Секое наредно логирање, на дневно ниво, ве наградува со уште 150 000 долари. Логирајте се секој ден, се до понеделник, 14.мај, и ќе можете да присоберете 1,150,000 долари.

Со вашите тешко-спечалени пари можете да купувате бројни работи во дигиталниот свет, од облека и оружја, преку автомобили, па се до огромни куќи и комплекси.

Паралелно со ова, неделава печалите и двојно повеќе искуство и пари за сите активности.

На следниот линк, можете повеќе да прочитате за настанот, како и за временско-чувствителни попусти на најразлични дигитални добра.

1 коментар на “1 милион долари за сите кои ќе се логираат во GTA Online неделава

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии