Информациите за продажбата на профилите се појави на руски форум, и моментално не се знае дали лозинките се валидни.

Но… Димитар Крстевски денес твитна дека профилот на еден свој пријател му е пробиен и се користи за спам пораки, како што може да се види од сликата погоре. Можеби е изолиран случај, не поврзан со продажбата на профилите, но безбедноста треба да е на прво место бидејќи ваквите пропусти не се нови за македонските корисници.

Доколку се сомневата дека вашиот Facebook профил е пробиен веднаш сменете си ја лозинката и скенирајте го компјутерот со анти-вирус во секој случај, за да не се искористи вашиот профил за спам пораки, да се украдат ваши слики и лични информации, да стане вашиот компјутер дел од ботнет мрежа или пак којзнае да ги изгубите покер чиповите…

2 коментари на “1.5 милиони Facebook профили на продажба

    1. Најверојатно ти го блокирале профилот ако бил искористен за ширење спам пораки. Ова е линк до Facebook Help центарот, пребарај кој конкретен проблем е и пробај да ги контактираш. Ќе ти одговорат со објаснување, можеби за ден можеби за неколку, но ќе ти одговорат.http://www.facebook.com/home.php?sk=lf#!/help/?re

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии