Пиратеријата ќе отпушти 1.2 милиони луѓе во Европа?

Според извештајот „Градење на дигитална економија“ филмската, музичката, софтверската и телевизиската индустрија генерирала 860 милијарди евра и вработила 14.4 милиони луѓе во 2008 година. Поради пиратеријата истите индустрии забележале 10 милиони евра загуба и имало над 180.000 отпуштања. Извештајот проектира дека ако продолжи ваквиот тренд на загуби тогаш во 2015 година ќе се забележат загуби од 240 милијарди долари и ќе се отпуштат 1.2 милиони луѓе.

Причината на претпоставката за зголемените загубите е тоа што „во блиска иднина па дури и денес во 2010 година имаме зголемување на бендвитот (интернет сообраќај) и зголемена пенетрација на интернетот“.

За про-пиратските активисти извештајот е лажен чија цел е да ги отвори вратите за построги закони против пиратеријата (пример, контроверзното исклучување од интернет).

„Извештајот цитира академска литература која сугерира дека пиратеријата води кон намалување на продажбата. Има анализи кои го покажуваат токму спротивното, а кои се внимателно избегнати во извештајот.“ пишува TorrentFreak.

За други пак проблемот со пиратеријата и загубите лежи во прифаќањето на интернетот како бизнис модел.

„Вистинската приказна е дека одредени компании кои одбиваат да се адаптираат и одбивааат да го прифатат тоа што корисниците го бараат и што технологијата го овозможува, тогаш модерната технологија ќе ги пропадне.“ пишува TechDirt.

1 коментар на “Пиратеријата ќе отпушти 1.2 милиони луѓе во Европа?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии