Интересно, за разлика од goo.gl и bit.ly кои кога ќе генерирате код со скратениот линк ви даваат само QR код, односно код и риба, 0.mk нуди попрактично решение, односно го прикажува кодот + името на содржината и линк. 0.мк најави и блог пост со објаснување за како се креира QR генератор, за интеграција со API-то. А можеби ќе објавена е и Chrome екстензијата со QR кодот.
QR кодот е матричен 2Д баркод кој може да се прочита со читач на QR или со секој мобилен телефон кој има камера. Кодот може да содржи од видеа, аудио и линкови. Можете да го испечатете на хартија и да го споделите со пријателите или пак да закачите огромен постер на ѕид кој причитан со мобилен ќе стартува видео, како на рекламата на Calvin Klein.
Генерирање на QR код за секој скратен линк – Додадете „?qr“ на крајот од линкот и ќе го добиете кодот. Пример: http://0.mk/example?qr
Terrific post however I was wondering if you could write a litte more on this subject? I’d be very thankful if you could elaborate a little bit further. Thank you!
Доколку некој не е знаел, во Јапонија QR кодовите ќе ги најдете на секој чекор. :)
Како да ја прочитаме пораката со камера од телефон? Баш не го сфаќам убаво QR кодов, иако гуглав. Што ќе смени ако го испринтаме ова и со мобилен како ќе го стартуваме видеото?
Потребна е да се инсталира апликација (програмче) што може да го прочита кодот на телефон. Зависно од мобилните има и разни Qr програми. Еве ти едноставно упатство на македонски како функционира -> http://qr-mk.com/